КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење
Објавено во: Македонија 20 Април, 2024
Синдикатот на полицијата поднесе пријава за несовесно работење против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи и против други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик.
Имено пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета.
Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат во согласност со закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение.