19 Декември, 2025
0.1289

КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - се терети за повеќе злупотреби

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 16:39

Добивај вести на Viber

Директорот на Здравствен дом во Македонски Брод доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба. 

Тој се терети за повеќе сторени кривични од набавка на стоматолошка опрема која не е соодветна за потребите на ординациите, до злоупотреба на службени возила и злоупотреба на мобилни услуги. 

- СВР Битола - ОВР Македонски Брод  до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“,  казниво по член 353 став 3  во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом - Македонски Брод лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за  детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување - 

Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом - Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист. 

Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост  член 22, член 23 и  член 24  и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно  испратено барање од Здравствениот дом. 

Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот  дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер", со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција - се наведува со соопштението испратено од МВР. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината