Управата, според него, постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од 1,5 милиони евра.
„Сега сѐ е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање“, изјави Николовски.
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021 14:13
Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.
Директорот на Управата Арафат Муареми на денешната пресконференција изјави дека градоначалникот, кој на таа функција е од 2009 година, почнувајќи од 2012 година до сега, овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс“ - Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени.
Против овие лица, како што рече Муареми, постојат основи на сомневање за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.
Овие информации се добиени преку анонимна дојава.
„Во мај оваа година до мојот кабинет од анонимен подносител пристигна претставка за службени лица во Петровец“, рече вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.