25 Ноември, 2024
0.0272

КРИЗАТА СЕ ПОСИЛНО УДИРА ВРЗ ДРЖАВНАТА КАСА - во мај приходите се стопиле за нови 25 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Ако во април некако се држеле, во мај годинава буџетските приходи веќе значајно се „срушиле“. Ова го покажуваат најновите податоци на секторот за трезор на Министерството за финансии, за месечното полнење и празнење на државната каса.

Или, во мај во државниот буџет се слеале вкупни приходи на сума од 206 милиони евра, што е намалување за 25 милиони евра во однос на април, бидејќи тогаш се собрале 232 милиони евра како приходи.

Инаку, и во април има намалување во однос на март, кога се собрале вкупни приходи од 246 милиони евра.

Ако се гледаат првите пет месеци од годинава, државата инкасирала вкупно приходи од 1,19 милијарди евра, што е 37,3 отсто од планот за цела година, и тоа во однос не на првично планираниот, туку на ребалансираниот буџет.

Тоа покажува дека кризата се посилно удира врз државната каса, оневозможувајќи и да ги собере давачките кои инаку би биле инкасирани од фирмите и граѓаните. Причина за тоа е што многу компании и цели сектори во мај не работеа, па логично е да се намалат буџетските приходи.

Кога станува збор за приходите само од даноци, во мај од нив се собрале 106 милиони евра. Тоа покажува дека мај е убедливо најслаб месец досега, ако се има предвид дека во април даноците на државата и донеле 118 милиони евра. И притоа, април во поглед на собирањето на даноци бил многу послаб од претходните три месеци. Во март, на пример, државата од даноци прибрала 135 милиони евра.

СИТЕ ДАНОЦИ СЕ НАМАЛЕНИ, САМО АКЦИЗАТА Е ДОБРА

Намалување во мај во однос на април има речиси кај сите даноци.

Персоналниот данок донел во мај 20 милиони евра, што е намалување за околу три милиони евра во однос на април.

Данокот на добивка во петтиот месец донел околу 11 милиони евра, што е повеќе од двојно помалку во однос на претходните два месеци. Но, треба да се има предвид дека во тие месеци, одноно март и април, дел од подобростоечките компании во земјава предвреме го платија данокот на добивка, со цел да и помогнат на државата во справување со финансиската криза предизвиката од коронавирусот.

Најголемиот полнач на државната каса, данокот на додадена вредност, во мај и донел на државната каса нето износ од 40,5 милиони евра. Во однос на април тоа е намалување за околу пет милиони евра. Но, треба да се има предвид дека приходите од ДДВ и во април биле многу слаби, односно полоши од претходните три месеци, со оглед што во првиот квартал ДДВ просечно и носел на државата суми од по околу 64 милиони евра месечно.

За разлика од другите приходи, акцизата била одлична во мај со оглед на состојбата на криза. Односно, од оваа давачка државата во петтиот месец собрала 28 милиони евра, што е значајно повисока сума од претходните два месеци.

Покрај даноците, во мај паднале и приливите од придонеси. Во тој месец од нив биле собрани 82 милиони евра, што во однос на април е намалување за 8 милиони евра. Треба да се има предвид дека во мај почна да важи мерката за субенции за придонеси на компаниите што се погодени од корона кризата.

СЕ ТРОШЕЛО МНОГУ ПОВЕЌЕ, САМО НЕ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

И ако државата помалку успеала да собере пари, таа значајно повеќе потрошила во мај во однос на претходните месеци.

Односно, во петтиот месец власта поарчила 316 милиони евра. Во однос на април, кога се реализирани 308 милиони евра, зголемувањето во петтиот месец е за 8 милиони евра.

За петте месеци од годинава, пак, државата потрошила вкупно 1,5 милијарди евра, што е 38 отсто од вкупните расходи планирани со ребалансот на буџетот.

Наспроти сите трошења каде што има раст, во мај повторно многу неповолна слика и голем пад е регистриран на капиталните инвестиции.

Ако во април вложувањата во инфраструктура конечно не беа лоши, бидејќи за нив се потроши сума од околу 18 милиони евра, во мај тие се и повеќе од преполовени, сведувајќи се на ниво од само 8 милиони евра.

Или, за пет месеци од стартот на годинава вкупната сума на државни вложувања во енергетика, училишта, болници, железница и слично, се само 58 милиони евра, или 18,36 отсто, и тоа не од првично планираниот буџет, туку од ребалансираниот, со кој веќе имаше едно нивно кратење. А по правило, за пет месеци би требало да бидат потрошени 41,6 отсто од капталните инвестиции, што значи дека не се реализирани ни половина од она што би требало да бидат за овој период.

ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ОД 308 МИЛИОНИ ЕВРА

За плати и надоместоци во мај се потрошени околу 40 милиони евра, што е речиси слично како и претходните месеци.

Но, многу пораснале трошоците за стоки и услуги. За оваа намена се потрошени државни пари од 25 милиони евра. Во април за стоки и услуги биле поарчени помалку, 18 милиони евра, а помали суми за таа ставка се издвоени и во сите претходни месеци од годинава. Здравствената криза беше многу силна во мај, што упатува на тоа дека се трошело за здравствена опрема, лекови и други потреби за справување на земјата со епидемијата од коронавирусот.

Кога станува збор за трансферите, пак, како вкупна сума се исти како и претходно, но пораст има кај социјалните трансфери. Во мај за оваа намена биле потрошени 164 милиони евра, наспроти 156 милиони евра колку што биле во април, а слична сума била потрошена и во претходните неколку месеци.

Се на се, во мај државата повеќе потрошила отколку што собрала сума од 110 милиони евра, односно за петтиот месец толку изнесувал буџетскиот дефицит.

За петте месеци, пак, вкупниот минус во државната каса достигнал 308 милиони евра. Тоа е повеќе од она што со првичниот буџет се планираше за цела година, но потоа, со ребелансот, Владата определи дека оваа година буџетскиот дефицит треба да достигне дури 751 милиони евра. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?