КРИЗАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Извозот „паднал“ за повеќе од 27 отсто
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Јули, 2020
Короната удри и по извозот, кој до мај се намалил за 27,4 отсто.
Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Кај увозот е забележан пад од 22,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на извозот во петте месеци изнесува 2,15 милијарди долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3,01 милијарди долари.
Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 866, 4 милиони долари.
Во извозот најголемо учеството имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во Македонија во јуни имаше нови 3.500 невработени поради кризата.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.