16 Мај, 2024
0.0264

Кризата во еврозоната во 2014 година: Битката се пренесува на политичкиот фронт

Објавено во: Свет 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Кризата во еврозоната најверојатно ќе продолжи да слабее во 2014 година, на политичкиот фронт сепак има уште пречки, пишува CNBC . Жил Моек , аналитичар од Deutsche Bank , очекува Франција да биде во фокусот на загриженоста поради задушување на сите смели планови за реструктуирање на економијата. Податоците на францускиот институт за статистика покажуваат дека економскиот раст во третиот квартал е забавен до само 0,1% , додека бруто домашниот производ ( БДП ) на Холандија , чиј кредитен рејтинг неодамна беше намален , забележа раст од 0,2% - малку над очекувањата . Рејтингот на францускиот претседател Франсоа Оланд е зголемен за 2 проценти во декември до 22% , според податоците на Ifop . Ова е прв раст на довербата кон претседателот од август. „Претпоставувам дека популистичките и антиевропски партии ќе растат во Франција " , коментира Моек . „Ова е многу , многу опасно коцкање за претседателот Оланд , кој се обидува да ја зајакне темата за евроинтеграции наспроти зајакнувањето на јавната загриженост " , додава тој . По финансиската криза во 2008 година европските држави беа зафатени со реструктуирање и ребаланс на нивните економии. Банкарската криза и потпаѓањето на еврозоната во долготрајна рецесија до 2011 година ги изнесе на површина проблемите на регионот. Лидерите на еврозоната успеаја да ги протуркаат првите чекори за формирање на банкарски сојуз , па нестабилниот финансиски сектор во регионот да престане да се потпира на државните финансии . Политичарите алудираат дека банкарската унија ќе биде проследена и со продлабочување на политичката интеграција . Додека европските влади ги затегнуваат врските сепак, евроскептиците и популистичките партии против интеграцијата собираат сила . Поради оваа причина политичката дезинтеграција на еврозоната ќе биде главна тема на 2014 година , прогнозира Ник Спиро , директор на Spiro Sovereign Strategy .

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“