06 Октомври, 2024
0.0278

Кризата во Грција ќе се одрази врз македонското стопанство!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Последните неколку години грчкото стопанство се наоѓа во сериозни проблеми кои во текот на овој месец кулминираа, и, според наши проценки, можат сериозно да се одразат на нашето стопанство, доколку Владата на Грција, во соработка со Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд не најдат ефикасни и навремени решенија, велат од Стопанската комора на Македонија за Фактор. „Секако дека кризата во Грција има соодветни неповолни влијанија на меѓусебната соработка меѓу компаниите, а согласно на тоа и намалување на нарачките, што се потврдува и со конкретните показатели. Според податоците за првите 4 месеци од 2015 година, нашиот извоз изнесува 55,3 милиони долари, а увозот 154,1 милиони долари, со дефицит во размената од 98,7 милиони долари. Споредбено со истиот период во 2014 година имаме значително намалување на извозната страна од 15,9 милиони долари“, објаснуваат од СКМ. Сепак, оттаму објаснуваат дека од досегашното анкетирање што го спровела Стопанската комора на Македонија меѓу компаниите членки кои имаат редовен извоз на своите производи во Република Грција, може да се констатира дека засега не се евидентирани позначителни проблеми во соработката со грчките партнери. „Според укажувањата од компаниите со домашен и грчки капитал, кои имаат деловни релации со Грција, плаќањата се одвиваат тековно, дел од компаниите имаат обезбедено авансно плаќање, покриени се со гаранции, иако повеќето наши членки укажуваат дека соработката се одвива во отежнати услови, што подразбира и намален обем на нарачки како резултат на економската состојба во земјата. Ако се земат во предвид и укажувањата не некои компании кои соработуваат со грчки партнери кои имаат сметки и во други земји, не се очекуваат драстични нарушувања во работењето. Состојбите се следат континуирано, следната недела ќе имаме и состанок со повеќе компании кои работат со Грција и доколку има поместувања во друг правец, Комората соодветно ќе реагира, велат од СКМ. Со невраќањето на ратата од 1,6 милијарди долари кон ММФ Грција е веќе во т.н технички банкрот, на што реагираа реномираните агенции за кредитен рејтинг и ја категоризираа во групата на земји што не може да ги извршуваат рдовно0 своите плаќања и да ги сервисираат своите долгови. Како ќе се одвиваат  работите во следниот период ќе видиме, но случај Грција да излезе од еврозоната и направи девалвација на новата валута, процентот се предвидува да дека би можел да се движи меѓу 45% и 85%, а падот на БДП да биде и до 10%, објаснува Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. „Ваквата состојба може да предизвика домино ефект и слично да се случи во Италија, Шпанија и Португалија, која состојба економски негативно би влијаела на Германија. А, бидејќи ние ефектуираме 35% од нашиот извоз токму во Германија, може да дојдеме во состојба на намалување на обемот на нарачките, но не само од Германија туку другите земји, особено од Италија  која е меѓу првите десет наши трговски партнери. Додека, во однос на Грција, може да очекуваме поевтинување  на нивните производи и услуги, но од друга страна поскапување на извозот што ќе претставува можност за одредени наши  производи, кои се поконкурентни односно поевтини споредено со западноевропските, да ја најдат свое место на грчкиот пазар, вели Алесков за Фактор. Алексов натаму додава дека проблеми може да се јават во однос на плаќањата од страна на грчките фирми кои имаат деловни односи со македонските компании. „Сведоци сме дека неделава грчкиот банкарски систем не е еопаретивен, што може да доведе до одложување на плаќањата спрема македонските компании, врз основа на доспеани побарувања, но очекуваме дека состојбите ќе се нормализираат и овие плаќања ќе се ефектуираат во блиска иднина. Сепак, во следниот период, напшите компании треба да бидат претпазливи и со соодветни инструменти за наплаќање да си ја обезбедат својата наплата, вели Алексов. Наивно би било да мислиме дека Македонија нема ништо да почувствува Грција од 30 јуни на полноќ во  техничка смисла е банкротирана држава, и не може да ги плаќа обврските кон кредиторите. Според поранешниот министер за финансии Никола Поповски, сега останува грчката влада да одлучува како ќе ги распоредува даночните приходи кои ги има, бидејќи веќе не ќе може да создаваат дефицити, и задолжување, никој нема да им позајмува веќе, освен ако не постигнат договор што според Поповски е прилично тешко. „Нивната филозофија е дека ќе ги распоредуваат на плати, пензии и обврски кон луѓето во државата, а кон  кредиторите нивни не. А тоа ќе ги доведе во многу тешка ситуација многу брзо, бидејќи ќе се прелее во од јавниот сектор во приватниот и бво граѓанскиот и во бизнис секторот, а тоа почна да се гледа. Може да се случи банките од неликвидност да преминат во банкрот“, изјави пред неколку дена Никола Поповски, универзитетски професор Дополнително, Поповски додава дека наспроти кажувањата на официјалните лица во Македонија, наивно е да се верува дека банкротот на Грција ќе биде без никакви последици за нашата земја. „Прво и самиот гувернер кажа дека дал наредба нашите банки да ги повлечат сите депозити од грчките банки во регинот, не само во Грција, зошто да мислиме дека истото нема да го направат и банките во регионот од грчките банки во Македонија, а имаме две банки. Значи истите мерки и тие ќе ги направат. Без разлика на тоа, една четвртина од банкарскиот сектор е во раце на грчки сопственици, имаме голема трговска размена, туристичка размена, а големи странски директни инвестиции , па може да се случи некоја од нив да престане со работа. Може трговијата со Грција драстичнод а се намали, а сите странски директни инвестиции се насочени со извоз кон Грција“, изјави Никола Поповски, универзитетски професор.  

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта