Кризата за гориво трае во Британија, воени танкери ќе помагаат
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2021
Од понеделник воени танкери ќе ги снабдуваат бензинските со Британија со гориво.
Војската ќе започне со испорака на бензин од понеделник. Над 150 возачи на воени танкери се подготвени за испорака на гориво од рафинериите до бензинските станици. Кризата ја предизвика недостатокот на возачи на камиони. Поради Брегзитот земјата ја напуштија 20.000 стручни лица главно од Источна Европа.
Обединетото Кралство се бори со кризата со горивото што предизвика огромни редици пред некои бензински пумпи.
Владата соопшти дека има доволно гориво и додава дека ситуацијата на бензинските пумпи се подобрува, но признаваат дека во некои делови од земјата ситуацијата е полоша од други делови.
Во Британија имаше тепачки на бензинските пумпи поради гориво. Повеќе вакви видеа се појавија на социјалните мрежи.