16 Декември, 2025
0.0564

КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ќе трае 30 дена, на располагање ќе бидат ставени сите капацитети од приватните болници и клиники

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2020 14:38

Добивај вести на Viber

По состанокот на Националниот совет за безбедност, претседателот Стево Пендаровски изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бара многу посериозен пристап, заради што на Владата и препорачува да прогласи кризна состојба на териоторијата на цела држава. Премиерот Зоран Заев истакна дека тие се целосно подготвени и дека најдоцна до утре вечер ќе одржат седница на која ќе прогласат кризна состојба во времетраење од 30 дена.

-Не се исклучува и можноста за полициски час, но сега со прогласување на кризна состојба ќе имаме можност за управување со сите капацитети во државата. Имаме потреба од болници и клиники, од кадар, а сето тоа и психолошки ќе влијае дека ние сме подготвени за справување со ковид-кризата, истакна премиерот Заев.

Истовремено и министерот за здравство, Венко Филипче рече дека во земјава ќе имаме критичен период кога се поголем број од новозаразените ќе имаат потреба од хоспитализација. Секак, во оваа насока, како што потенцираше Филипче, ќе има потреба и од поголем број болнички кревети, но и од кадар.

Ова е прв пат во земјава да имаме кризна состојба која ќе значи и вклучување на армијата, а владата ќе може да  управува со сите државни и приватни ресурси во државата, меѓу кои и приватните болници. Сепак, како што истакна претседателот Пендаровски, не станува збор за национализација на приватни болници, туку само управување со нив во време на пандемија. Приватната сопственост е гарантирана со уставот.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“