03 Септември, 2024
0.4041

КРМОВ ЗА ГАШИ: Toj не е племенски поглавар

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов вели дека собранискиот спикер Африм Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички, наместо државнички.

„Секогаш кога политичките претставници на Албанците го прекршуваат Уставот или законите, се повикуваат, односно ги обвинуваат за албанофобија, оние кои го констатирале прекршувањето. Мене ми е многу интересно како секогаш кога политичките претставници на албанското малцинство се повикани да НЕ ги кршат Уставот и законите, малтене секојдневно, тоа се толкува како национализам или албанофобија?! Небаре, нивно етничко право е да ги кршат Уставот и законите секогаш кога ќе посакаат“, изјави Крмов.

Во продолжение, зборувајќи за инцидентот на скопскиот аеродром, Крмов откри детали, за кои, како што рече, поради политички притисок, ги нема во записникот на МВР. Тој додаде, дека шефот на обезбедувањето на Гаши, ситуацијата ја смирувал со репетиран пиштол вперен кон вработените.

„Гаши го пратил шефот на неговото обезбедување да ја ,,смирува" ситуацијата и додека бил таму (на аеродромот) се заканувал, туркал (според  сведоци и иако не е влезено во извештајот на МВР), тој извадил и пиштол. Тој пробал да ја ,,смири" ситуацијата со репетирање пиштол, кој го вперил во вработените!“, образложи Крмов. 

Крмов беше дециден дека ова е скандал за којшто не треба да се чека интерпелација, туку напротив, Гаши сам треба да си поднесе оставка. 

„Ако претседателката на Косово му е поблиска заради нејзината етничка припадност, не може човек што ја држи втората најбитна функција во државата, понекогаш и најбитна, да размислува етнички наместо државнички. Гаши не е племенски поглавар“, појасни Крмов.

Пратениците Албанци имаа забелешки за тоа за што се залага Левица, односно за блиски односи со Русија и Србија, за непризнавање на Косово. Крмов врати дека Левица одредени пратеници ја обвинуваат дека е фашистичка, националистичка партија, а микрофоните на овие пратеници не ги исклучуваат. Тој рече дека дел од пратениците читаат, односно нема спонаност во нивните говори. 

Во текот е собраниската седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари