03 Септември, 2024
0.0265

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество.

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија. 

Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата.

„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, изјави Мирчев.


Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

КРМОВ ЗА ГАШИ: Toj не е племенски поглавар

КРМОВ ЗА ГАШИ: Toj не е племенски поглавар

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

„НЕМА ДА ПОПУШТАТ ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА“: Дејановски од УПОЗ за штрајкот на вработените во МАНУ

„НЕМА ДА ПОПУШТАТ ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА“: Дејановски од УПОЗ за штрајкот на вработените во МАНУ

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“