03 Септември, 2024
0.0306

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.

Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка

Донесовме одлука која ќе доведе до подобрување на животниот стандард на граѓаните. На големо маржата ќе биде ограничена на 5 проценти, а на мало до 10 проценти. Анализиравме увозни царински декларации и цени во малопродажба и заклучивме дека многу производи се продаваат по двојно повисоки цени од увозните. На пример маркер се набавува по 60,1 денари, а се продава по 130 денари, на јаглен набавната цена е 68,6 денари, додека продажната 200 денари. Боиците имаат увозна цена од 69,5 денари, а се продаваат од 120-150 денари, кај моливите имаме набавни цени од 54,1 денари, а продажни по 120 денари. Со ова мерка на половина би се намалил трошокот кој го имаат граѓаните со почетокот на учебната година - рече Мицкоски. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

КРМОВ ЗА ГАШИ: Toj не е племенски поглавар

КРМОВ ЗА ГАШИ: Toj не е племенски поглавар

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

„НЕМА ДА ПОПУШТАТ ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА“: Дејановски од УПОЗ за штрајкот на вработените во МАНУ

„НЕМА ДА ПОПУШТАТ ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА“: Дејановски од УПОЗ за штрајкот на вработените во МАНУ

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“