Добивај вести на Viber
Конечно е избрана избрана осигурителна компанија, откако пред неполн месец избувна пожарот во Македонска пошта, која ќе ја осигура компанијата ретргоградно, од први јануари оваа година.
Според А.Д Македонска пошта, во согласност со законските прописи била завршена постапката за јавна набавка за осигурување по што беше избран најповолен понудувач- “Кроација Осигурување“.
Во согласност со законските прописи и правилата предвидени во процедуарата на јавната набавка ќе биде потпишан договорот со најповолниот понудувач. Полисата на осигурување, како што стои во соопштението на Македонска пошта, ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постака како и тендерската документација односно од први јануари 2013 година.
Со ова, Македонска пошта нема да има никакви финансиски реперкусии во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар, штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на самата компанија.