Крушево е еден од малите градови кој добро се справува со коронавирусот – како им успеа?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Ноември, 2020
Градот Крушево релативно добро се справува со епидемијата на коронавирусот, а тоа не е случај со многу од помалите македонски градови каде заразата „пламна“ и бројот на активни случаи е сѐ уште висок.
Крушево долго време му одолеваше на вирусот, па се појавија првите заразени, по што откако тие се излекуваа, долго време градот беше без активни случаи. Од Здравствен дом Крушево велат дека кога се појави вирусот, тој бил импортиран од други општини. Објаснуваат дека свесноста на граѓаните за опасноста е на едно високо ниво. Дисциплина има, и се почитуваат мерките.
„Луѓето носат маски, без разлика дали одат на пазар, или на работа. Се плашат од вирусот, и се навистина дисциплинирани. Кога се појави првиот случај, се работеше за сопружници и тие веднаш реагираа бидејќи имале симптоми. Потоа имавме случај на заразени во јуни, и сега по продолжениот викенд по 23 октомври пак имавме нови случаи на коронавирус. Сите ги почитуваат мерките, и младите и старите. Јас лично бев во контакт со 2-3 заразени, но почитував мерки, дезинфицирав раце, носев маска, и не сум се заразила“, вели Ана Тирчоска, вработена во Здравствен дом Крушево.
Директорката во Здравствен дом Крушево, Зорица Манчевска Трајчулеска вели дека иако имаат мал број на лекари во установата, сепак се трудат да ги локализираат кластерите и да не дозволат нивно ширење.
„Ние ги почитуваме сите протоколи, имаме простории за сомнителни случаи, имаме и карантински соби. Крушево постојано има туристи, постојано доаѓаат луѓе од други места и ние се грижиме и за нив, преку здравствена заштита, пружање на помош, совети и слично. Лекарите прават сѐ за да се спречи трансмисијата на вирусот“, објаснува директорката.
Според последните податоци од Министерството за здравство, во градот има 22 активни случаи на коронавирусот.
Висок број на активни случаи во земјава има и во малите градови како Делчево, Неготино, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Ресен.
Неколку активни случаи на коронавирусот има во најмалото гратче во Македонија, Пехчево.
Сања Атанасовскафото МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.