Добивај вести на Viber
Последните олеснувања на американските ограничувања за патување во Куба можат да значат прилив на уште многу американски туристи, оценуваат аналитичарите.
Вилем Маркс од Bloomberg разговара со Мајкл Конорс, кој од 15 години е туристички водич на Американци по улиците на Хавана, кој раскажува за она што ги привлекува посетителите и зборува за пречките кои американските туристи ги имаат за да пристигнат во Куба.
- Не е лесно, како што велиме во Куба тоа е многу сложено. Доаѓањето на Американците во Куба е сложено. Секоја година се бориме со таа пречка, за да носиме луѓе овде за било каква потреба, без разлика дали станува збор за образовни, културни или туристички цели, вели Мајкл Конорс.
Тој на групите туристи кои ги носи на патувањео по улиците во Хавана им го претставува вистинскиот живот овде. Знаејки за нивното мислење за луѓето кои живеат во Куба тој сепак успева да им ги приближи заедничките вредности кои ги имаат. И успева во тоа.
Она што во моментов е најава од страна на властите во двете земји за Конорс е одлична можност за развој на туризмот. И не само за него туку за многумина на Куба.
Најубавите плажи на Куба одамна привлекуваат посетители од Европа, додека доаѓањето на Американците би можело да претставува можност за бизнис, како и вистински предизвик за туристичката инфраструктура на островот. Секој ден повеќе од 10 чартер летови тргнуваат за Куба од американските аеродроми, но големите авиокомпании како United Airlines исто така размислуваат да воведат летови до островот.
Три милиони туристи од целиот свет придонесоа со 2 милијарди долари за кубанската економија минатата година и така влегоа во вториот најголем извор на приходи од странство. Но, додека семејните куќи за гости и кафулињата ги крадат клиентите од државните хотели и ресторани, приватниот сектор заработува најмногу. И ова делумно се случува благодарение на новата американска политика која го промовира претприемништвото во оваа комунистичка земја.
К.К.