19 Декември, 2025
0.0751

Кукан: Не верувам дека најтешкиот дел е името

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2018 18:22

Добивај вести на Viber

Европратеникот од демохристијанската група ЕПП, Едуард Кукан за МИА вели дека политичарите прво треба да ја подготват јавноста пред да го објават договорот за името, во кој најтешките делови не се името само по себе, јави дописничката на МИА во Брисел.

„Грешка беше да се биде толку оптимист. Мислам дека не е доволно политичарите да постигнат договор. Пред да го најават треба да го подготват народот за тоа. М мислам дека ја научија лекцијата последниот пат со Илинденска Македонија. Не верувам дека најтешкиот дел е името, туку како ќе стои во Уставот, јазикот, културата, сите тие работи. Можеби е техничко потешко, така што кога сите тие прашања ќе се решат, политичарите треба тоа позитивно да и го продадат на јавноста и само тогаш името ќе биде официјално објавено“- изјави Кукан за МИА.

Кукан, на конференција во Брисел со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, порача дека лидерот на Нова демократија во Грција им признал на членовите на ЕПП дека нема да биде „комплетно негативен“ кон решението за името.

„Не можам да ви кажам што точно ни кажа лидерот на Нова демократија, но рече дека не би бил комплетно негативен кон решавањето на спорот за името“- изјави Кукан.

Кукан, запрашан од МИА да допрецизира што точно рекол Мицотакис, изјави „знаете тоа е задкулисна работа, има работи за кои не можете да зборувате пред новинарите затоа што ќе и наштетите на вашата кауза“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Членовите на ЕПП потоа на лидерот на Нова демократија му порачале дека „треба да ја гледаат работата од поширока перспектива“, рече Кукан.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните