19 Мај, 2025
0.0308

КУЌИТЕ ПОСКАПУВААТ: Речиси третина од жителите на EУ живеат под кирија

Објавено во: Економија 12 Јули, 2024 17:29

Добивај вести на Viber

Речиси третина од жителите на Европската Унија(ЕУ) живеат под кирија.

Трендот на пораст на цените на куќите е присутен во многу европски држави, а според истражувањето на „Евростат“, во првиот квартал од тековната година цените пораснале во 26 земји од ЕУ.

Во 2022 година, 69 отсто од населението на ЕУ живеело во домаќинства што поседуваат сопствени домови, а другите 31 отсто живееле во станови под кирија. Најголем дел од сопственоста е забележан во Романија (95 отсто), Словачка (93 отсто), Хрватска (91 отсто) и во Унгарија (90 отсто).

Во сите држави членки, освен Германија, имало повеќе сопственици отколку станари. Во првиот квартал од 2024 година, цените на куќите во ЕУ се зголемија за 0,4 отсто, а кириите за 0,9 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

Цените на куќите се зголемени повеќе од двојно во седум земји на ЕУ од 2010 година, вклучувајќи ги Естонија, Унгарија, Литванија, Латвија, Чешка, Австрија и Луксембург. Намалување на цените е забележано во Италија и на Кипар. Цените за изнајмување се зголемени во 26 земји од ЕУ, а најголем раст е забележан во Естонија, Литванија и во Ирска. Намалување на цените на киријата е забележано во Грција.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТИЕ: Ова е најбрзиот воз во светот, Кинезите го тестираат

КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТИЕ: Ова е најбрзиот воз во светот, Кинезите го тестираат

Македонија е зависна од увоз на месо

Македонија е зависна од увоз на месо

Државата ќе прави софтвер за граѓаните да може да бараат најевтини производи

Државата ќе прави софтвер за граѓаните да може да бараат најевтини производи

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје