Кулминираше гневот во Бразил, протести во 44 градови поради бавната набавка на вакцини
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Јуни, 2021 10:33
Протести избија во Бразил. Протести се одржаа во најмалку 44 бразилски градови, а демонстрантите обвинуваа дека половина милион умрени од ковид – 19 е еден вид на геноцид. Илјадници граѓани вчера излегоа на улиците обвинувајќи го претседателот Жаир Болсонаро и владата поради неефикасно справување со ковид-кризата.
Тие се гневни поради бавната набавка на вакцини и сомнежите во оправданоста на носењето на маски. Бразил вчера ја надмина бројката од пола милион починати од коронавирус и се искачи на второто место во светот по бројот на починати зад САД.
Само 11 отсто од граѓаните на Бразил се целосно вакцинирани, а 29 отсто добиле прва доза. Во Бразил се појави бразилскиот сој кој однесе многу жртви.Бразил дневно губеше по 2.000 луѓе.Во светот има над 178 милиони потврдени ковид случаи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро





