КУМАНОВЕЦ И ЈА „ОЛЕСНИЛ“ КАРТИЧКАТА НА СОГРАЃАНКА ЗА 4.000 ЕВРА - ја користел за нелегални трансакции
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022 12:47
Кумановец нашол изгубена платежна картичка на своја сограѓанка и ја испразнил колку што можел повеќе, вршејќи со неа повеќе нелегални трансакции, на сума од близу 4.000 евра. Полицијата го открила и против него ќе биде покрената соодветна пријава.
„На 01.11.2022 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари (над 3.700 евра). Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




