Куманово има најмногу нови позитивни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Август, 2020
За последното деноноќие во Куманово има најмногу нови заразени со коронавирусот.
Станува збор за 26 случаи, според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство.
Досега во Куманово вирусот е дијагностициран кај 1.289 луѓе, а активни се 298 случаи.
Во овој град за 24 часа нема оздравен пациент од коронавирусот. Најмногу оздравени има во Скопје и Штип.
Вирусот однесе уште три животи.Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од почетокот на епидемијата, во земјава вирусот е дијагностициран кај 12,774 луѓе.
Починале 545 луѓе, а оздравеле 9.581, додека активни се 2.648 случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.