19 Декември, 2025
0.2260

КУМАНОВО СТАНА КРИМИНАЛЕН ВИЛАЕТ НА ДИМИТРИЕВСКИ: Костовски обвини за злоупотреби за лично богатење

Објавено во: Македонија 23 Август, 2025 14:15

Добивај вести на Viber

Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски. Куманово стана алатка за задоволување лични и бизнис интереси. Наместо развој, проекти, резултати, граѓаните добија лаги, вели кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски.

„Бројните скандали во изминатиот период го потврдуваат тоа:
-Кумовски шеми со парцели. Земјиште од семејството продадено на кумот, па препродадено на ЛИДЛ со профит од 350.000 евра.
-Шеми со станови. Стан во центар на Куманово од 97 квадрати за само 2.500 евра.
-Тендери делени на роднини, едниот гради, другиот го надгледува.
-И згора на се, повлечено обвинение против Димитриевски во последен момент.
Моментално, се прави предизборен поткуп во висина од 42 милиони денари, со бекатонитање по желба на градоначалникот, без никаква техничка документација и без подземна инфраструктура“, обвини Костовски.

Тој вели дека за граѓаните на Куманово нема ништо.

„Ова во Куманово не е локална власт за народот, ова е локална власт за злоупотреби за лично богатење. А за граѓаните на Куманово нема ништо. Нема гасификација. Нема нови водоводи за канализации. Нема капитални инвестиции од општината. Се што е направено во Куманово, од реконструкцијата на школите, улици, патиштата инфраструктура , се е работа на Владата предводена од СДСМ. Општината е со нула резултати. Само хаос, раскопани улици и празни ветувања. Куманово заслужува повеќе. Куманово заслужува чесна, одговорна и развојна власт. СДСМ ќе инсистира на целосни истраги за сите коруптивни шеми на Максим Димитриевски. Куманово нема да биде жртва на кумски шеми и лични профити. На 19 октомври, Куманово ќе каже доста е. Доста беше криминал и корупција. Доста беше богатење на грбот на народот. Граѓаните ќе гласаат за промена, за крај на криминалниот вилает, ќе гласаат за чесна, транспарентна и развојна општина предводена од СДСМ“, рече Костовски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот