Купувајте помалку, но попаметно: Зошто штедењето по секоја цена повеќе не функционира?
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2025 20:36
Сè повеќе финансиски експерти предупредуваат дека штедењето по секоја цена не е исто што и финансиска одговорност. Наместо да трупаме пари од страв да не ги трошиме, многу е поважно да научиме како да ги направиме парите да работат за нас, а не против нас.
Прекумерното стегање на ременот честопати води до парадокс: избираме евтино наместо квалитетно, се откажуваме од искуства што нè збогатуваат и живееме со верување дека секој потрошен денар значи грешка.
Всушност, разликата помеѓу успешно планирање и скржавост е огромна. Паметното штедење значи инвестирање во работи што траат, носат вредност и го олеснуваат секојдневниот живот
Може да биде квалитетен душек кој носи подобар сон, апарат за кафе кој заштедува одење во кафуле или едноставно време поминато во активности кои не чинат многу, но носат мир и задоволство.
Современиот пристап кон финансиите не е за откажување, туку за приоритети. Поентата не е да се троши помалку, туку да се троши со причина, бидејќи во свет каде што секое купување се мери по цена, вистинската вредност се мери по тоа колку нешто навистина ни значи, пренесува bizlife.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




