Купувањето половни возила е голема измама!?
Објавено во: Економија 04 Август, 2013 08:14
Многу граѓани се измамени и купуваат возила со поминати 400 000 до 500 000 километри а на бројчаникот им пишува 100 до 120.000 изминати километри, вели во ексклузивно интервју за Фактор Даниел Воиновски, прв човек на „Пежо“ во Македонија. Тој смета дека трговците поединци ги мамат и граѓаните и државата.
„Тешки моменти допрва престојат во повеќето земји во ЕУ и според мене не се ниту навестува заминување на економската криза од Европа. Очекувам пад и во втората половина од годинава, исто како и следната година и таа по неа.
Но она што повеќе ме загрижува е домашниот пазар за чие закрепнување мора да се превземат итни мерки за стимулација на продажбата на нови возила. Моментално се стимулира увозот на половни возила, што сметам дека не е во ред, затоа што ниедна економија не добила бенефит од тоа, туку напротив сите гледаат да се ослободат од баластот на половните возила и ги извезуваат што е можно подалеку од себе.
Тоа е така поради повеќе причини како што се загадувањето, безбедноста која е загрозена и трошоците за лекување и осигурување кои се во директна корелација со годините на старост поради зголемениот број на сообраќајни несреќи“, вели за Фактор Даниел Воиновски.
„Согласно мометалните закони, половните возила немаат акциза (оние со вредност до 4 000 ЕУР) и мора да го исполнуваат ЕУРО2 стандардот, кој е премногу стар стандард и е првото ниво од кога почнало да се мери загадувањето, односно ЕУРО1 (кој во суштина не бил стандард, туку само почетна точка). За разлика од тоа за новите возила се плаќа акциза, а мора да ги исполнуваат ЕУРО 5 нормите.
Другиот проблем е во вршењето на промет со половните автомобили, односно трговците кои увезуваат половни возила на име на физицко лице и потоа го продаваат во готово со едноставен пренос и нотарски договор, без притоа да пријават промет. Само мал дел од прометот го извршуваат преку регистрирани фирми за тоа, додека другите се јавуваат како консигнациони продавачи и го кријат прометот и обврските кои произлегуваат од него, односно тука веке се работи за сива економија преку фирми односно граѓански лица од типот "Ташна и Машна". Ако се врши промет, според законите, треба да се платат сите давачки и треба да постои некаква гаранција за производот. Многу граѓани се измамени и купуваат возила со поминати 400 000 до 500 000 километри а на бројчаникот им пишува 100 до 120.000 изминати километри“, вели Воиновски во интервјуто за Фактор.Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




