15 Мај, 2024
0.0266

Курц не прифаќа квоти за мигранти, ЕУ да се ангажира безбедносно

Објавено во: Свет 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Новит канцелар на Австрија Себастијан Курц во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг“ повика да се запрат обидите за наметнување на квоти за распределба на бегалците во земјите членки на ЕУ бидејќи не сите ја прифаќаат оваа миграциска политика и повика за нови напори да им се помогне на бегалците во земјите од каде што доаѓаат.

„Принудувањето на земјите од ЕУ да прифатат бегалци не ја води Европа кон напредок. Дискусијата нема смисол. Мигрантите што одат кон Европа не сакаат да одат во Бугарија или Унгарија. Тие сакаат да одат во Германија, Австрија или Шведска“, изјави Курц. 

Додека беше министер за надворешни работи, Курц ја критикуваше одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел во 2015 година во својата земја да прифати над еден милион мигранти. Откако ја презеде функцијата австриски канцелар, управувајќи со коалиција со десничарската Австриска партија на слободата, тој застана на страната на централноевропските земји, кои се противат на предлозите за раселување на барателите на азил во ЕУ, кои ги поддржува Германија.

Курц не ја исклучува и можноста ЕУ да донесе одлука за поголем ангажман во земјите каде се водат воени конфликти или има други видови на судири од кои се создаваат услови за големи бранови на бегалци и мигранти. 

„Ако тоа не е можно, треба да им се помогне во безбедните области на нивниот континент. ЕУ треба да помогне во тоа, можеби дури и да го организира и да го поддржи со воена сила“, истакна канцеларот Курц.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува