18 Декември, 2025
0.0869

Курдите напредуваат – Го освоија ридот над Кобани

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 19:22

Добивај вести на Viber

Курдските борци кои војуваат против екстремистите на Исламската држава во Кобани на сириско – турската граница го освоија стратешкиот рид над градот, пренесува „Би Би Си“. Сириската опсерваторија за човекови права и локалните претставници навеле дека курдските единици по жестоките борби успеале да ја преземат контролата над ридот Миштенур, од каде има прекрасен поглед на градот. Набљудувачите од Опсерваторијата за човекови права навеле дека со освојувањето на овој рид била пресечена клучна рута за снабдување на Исламската држава во внатрешноста на фронтот. Во борбите, како што соопштуваат од Опсерваторијата, биле убиени 11 борци на Исламската држава, а била запленета и огромна количина оружје и муниција. Џихадистите од септември се обидуваат да го освојат Кобани, но тука наидоа на силен отпор од страна на курдските борци. Курдските единици претходната недела напредуваа со поддршка на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз положбите на Исламската држава.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“