29 Септември, 2023
0.0269

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Не добив ултиматум од меѓународната заедница, вели косовскиот премиер Албин Курти за северниот дел од Косово. 

Тој вели дека на состанокот со специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак разговарал и понудил „сигурен излез од кризата на северот“.

„Не добив никаков ултиматум, со претставниците се сретнав и разговаравме. Понудив сигурен начин за стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегалните структури. Првиот и основен е владеењето на правото. Десетици НАТО војници, косовски полицајци и новинари беа жртви на невидена бруталност на насилните екстремисти“, кажа Курти.

Ескобар рече дека Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот од Косово, како и дека нема план Б за договорот од Охрид кој мора да се спроведе и дека веднаш мора да почне формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Според Ескобар, ако Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и тоа не може да помине без последици.

Во Звечан неодамна имаше немири, затоа што косовските Срби не ги прифаќаат за легитимни градоначалниците Албанци, бидејќи српскиот народ ги бојкотираше изборите. 

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

Колкави затворски казни ги очекуваат српските напаѓачи од Бањска?

Колкави затворски казни ги очекуваат српските напаѓачи од Бањска?

Вучиќ вели дека кога косовски терористи упаднаа во Диво насеље, ги немаше Рама и ЕУ да проповедаат

Вучиќ вели дека кога косовски терористи упаднаа во Диво насеље, ги немаше Рама и ЕУ да проповедаат

ГРАБЕЖИ, ПРИТИСОК, ТЕРОР, ЗАПЛАШУВАЊЕ, УБИСТВО: Српските медиуми му направија листа на злодела на Курти оваа година

ГРАБЕЖИ, ПРИТИСОК, ТЕРОР, ЗАПЛАШУВАЊЕ, УБИСТВО: Српските медиуми му направија листа на злодела на Курти оваа година

ЗАПАДЕН БАЛКАН МЕЃУ ПОЛИТИКАТА, ЕКОНОМИЈАТА И ЕУ: Отстранувањето на бариерите е заеднички сон на сите земји, но колку е тоа реално?

ЗАПАДЕН БАЛКАН МЕЃУ ПОЛИТИКАТА, ЕКОНОМИЈАТА И ЕУ: Отстранувањето на бариерите е заеднички сон на сите земји, но колку е тоа реално?

СЕ ОБИДОА ДА ЈА СПАСАТ ИМПЕРИЈАТА, НО СЕПАК БАНКРОТИРАА: „Кралот на Дормео“ во неволја, тажна судбина за работниците

СЕ ОБИДОА ДА ЈА СПАСАТ ИМПЕРИЈАТА, НО СЕПАК БАНКРОТИРАА: „Кралот на Дормео“ во неволја, тажна судбина за работниците

ГИ ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ: Босански лекар ги користел коските на жртвите од војната во БиХ за плански операции

ГИ ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ: Босански лекар ги користел коските на жртвите од војната во БиХ за плански операции

„Фајненшл тајмс“ пишува дека БиХ треба да се ослободи од сепаратистичкиот Додик пред да влезе во ЕУ

„Фајненшл тајмс“ пишува дека БиХ треба да се ослободи од сепаратистичкиот Додик пред да влезе во ЕУ

(ФОТО) Србите во Звечан палат свеќи за загинатите во Бањска

(ФОТО) Србите во Звечан палат свеќи за загинатите во Бањска