18 Декември, 2025
0.0470

Курц: Без Русија нема мир во Европа

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 11:31

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, рекол во Брисел дека мирот во европа е можен само со Русија. Тој навел и дека ЕУ треба да развива стратегија за долгорочно поставување на односите со Русија. „Сметам дека е погрешно само да се реагира на случувањата. Потребна е стратешка дискусија со што би се дошло до нова фаза“, порачал Курц пред почетокот на состанокот на шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ. Тој изразил надеж дека ќе успее пронаоѓањето мирољубиво решение , дека мировниот план од Минск ќе стане реалност и дека ќе постои стабилен однос со Русија. „Мирот во Европа е возможен само со Русија“, рекол Курц додавајќи дека тоа не значи прифаќање на анексијата на Крим. Шефот на германската дипломатија Франк – Валтер Штајнмаер, нагласил дека на овој состанок нема да има донесување одлуки во врска со ситуацијата во Украина. Тој истакнал дека министрите ќе ги разгледуваат подготовките за многупосакуваниот Самит кој би требало да се одржи во Астани на кој би требало да се сретнат претставници на Украина и Русија. Штајнмаер нагласил дека тема на разговор ќе бидат и неодамнешните напади во Париз, оценувајќи дека нападите во Франција го промениле светот и Европа. И Курц подвлекол дека во борбата против Исламската држава потребна е силна коалиција, а со тоа и потесен дијалог на ЕУ со муслиманскиот свет. „Доколку сакаме на своја страна да ги имаме муслиманските земји тогаш мора да ја зајакнеме основата на дијалогот“, подвлекол Курц додавајќи дека на денешниот состанок ќе се разговара не само за терористичките напади во Париз , туку и за тоа кои безбедносно – политички и превентивни мерки може да ги преземе ЕУ. Курц укажал дека до сега 5.000 лица од Европа заминале во џихад и додал дека тие, кога би се вратиле, би претставувале голем безбедносен ризик.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“