18 Декември, 2025
0.0554

КВАДРАТ ДОСТИГНУВА И ДО 18.000 ЕВРА, ВИЛИ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 15 МИЛИОНИ! - И на Балканот има луксузен сектор

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 08:41

Добивај вести на Viber

Балканот станува една од најпосакуваните дестинации за луксузни недвижности и елитен туризам во регионот, тврдат претставници на градежната фела кои и самите се дел од големи проекти. Укажуваат дека купувањето имоти по високи цени не значи притстап само до имотот, туку воедно и престиж, но и чуство на припадност. 

Според нив со развојот на проектите како Порто Монтенегро до заливот Луштица и Порто Нови, голема улога во нивниот развој има и одржливиот развој и заедницата во иднината на пазарот на луксузни недвижности. На оваа тема говореа повеќе инволвирани во градежната фела кои беа учесници на панелот „Луксузни недвижности и одморалишта – одржлива величина“ што се одржа во рамките на Јадранскиот самит за луксузни недвижности 2025.

На дискусијата присуствуваа претставници на меѓународни инвеститори, брендови и водечки агенции за луксузни недвижности, вклучувајќи ги Агњешка Рог-Шкржињарц (Marriott International) и Дејвид Маргасон (Porto Montenegro) и Нико Лаковиќ (Montenegro Sotheby’s International Realty), а ја модерираше Живорад Васиќ (Kadena Properties).

Како што беше истакнато на панелот, денешниот луксуз повеќе не значи само ексклузивност и престиж, туку пред сè - чувство на припадност.

- Денешните купувачи на луксузни недвижности очекуваат не само поглед на морето, туку и заедница. Тие очекуваат да стекнат пријатели, да бидат дел од жив екосистем. Затоа, покрај марини и хотели, во последните 18 месеци отворивме и музичко студио, филмски центар и издавачка куќа - нагласи еден од говорниците од Порто Монтенегро, додавајќи дека ваквите објекти се клучот за одржлива побарувачка во текот на целата година.

Тој изјави дека токму чувството на припадност ја гради долгорочната вредност на дестинацијата:

- Не постои прирачник за вакви проекти. Сè се базира на креативност и автентичност. Клучот е да се биде различен секој ден, бидејќи луксузот денес значи уникатност и емоција.

Нико Лалатовиќ од Sotheby’s Montenegro потсети дека пазарот на луксузни недвижности во Црна Гора доживеа огромен напредок од 2007 година:

- Денес имаме структуриран пазар кој работи според светските стандарди. Купувањето имот во Црна Гора е лесно како во Лондон или Виена - со поволни даноци, регулиран катастар и ефикасен нотарски систем.

Според него, три клучни проекти - Порто Монтенегро, Луштички Залив и Порто Нови - претставуваат столбови на црногорскиот луксузен пазар.

– Дури и во сезона која не беше рекордна, пазарот на луксуз покажа отпорност. Цената на квадратен метар во Порто Монтенегро достигнува 18.000 евра, а во Порто Нови се продадени вили во вредност до 15 милиони евра. Ова покажува дека луксузот останува стабилен дури и кога другите сегменти од туризмот забавуваат – рече Лалатовиќ.

Тој додаде дека во наредните години се очекува доаѓање на глобални брендови како што се Four Seasons, Mandarin Oriental и Six Senses, што дополнително ќе го зајакне меѓународниот имиџ на Црна Гора.

Извор: Блиц.рс

Фото: Притнскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија