30 Ноември, 2024
0.0299

КВАРТАЛНО „ПУКААТ“ ОД 300 ДО 500 БРАКОВИ: Скопјани најмногу се разведуваат

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Скоро секој квартал во Македонија има од 300 до 500 разводи. 

Во третото тромесечје годинава имало 397 разводи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу разводи има во главниот град. Од вкупниот број, 117 разводи се во Скопје, Битола 21, Велес 11, Гевгелија 10, Гостивар 20, 19 во Кавадарци, 25 во Куманово, 10 во Охрид, 23 во Прилеп, 18 во Струга, 39 во Тетово, 14 во Штип, 8 во Струмица. Во помалите градови и рурални општини бројот на разводи е многу помал, или воопшто немало разводи. Психолог Христина Стефановска вели дека од година во година има зголемен број на разводи, и помалку бракови, а причините кои доведуваат до прекинување на брачната заедница се повеќе.

„Пред да ги напоменам најчестите причини за развод на брак би сакала да се осврнам на карактеристиките на современото семејство како: значително намалување на бројот на деца во семејството што укажува на тоа дека почесто на равод од бракот пристапуваат родители на едно дете отколку родители на повеќе деца или многудетни семејства, потоа активната вклученост на жената во општествениот и економскиот живот, одење на работа, посетување семинари, едукации и усовршувања, појава на нови облици на семеен  живот како кохабитирање и слично. Ако ги анализираме податоците од осамостојувањето на Република Македонија до денес, ќе забележиме дека за овој период во нашата земја секоја година се склучуваат 2000 бракови помалку, годишно имаме 1500 разводи повеќе, се раѓаат над 10.000 помалку деца годишно. Како такво семејството денес станува сѐ поподложно на развод и како причини за истиот може да се истакнат следниве: психичко или физичко злоставување, патолошка љубомора и посесивност кај некој од партерите, најчесто тоа е жената, исто така некомпатибилноста помеѓу партнерите може да допринесе до серија негативни емоции т.е „Те сакам, значи те контролирам” што укажува на тоа дека е тенка  линијата помеѓу зрелата љубов и зависната, помеѓу односот кој ослободува и врската која врзува“, вели таа.

Објаснува дека бракот изграден на взаемна зависност не е здрав и ако во истиот барем еден од партерите излезе од таа симбиотична врска се појавува желбата за равод бидејќи зависните врски, како и секоја друга зависност, содржат нијанса на злоставување.

„Зголемената употреба на технологијата т.е. користење на разни уреди како телевиија, компјутер, таблет, телефон што ги отуѓуваат членовите на семејството едни од други, таквата невклученост доведува до отсуство на комуникација или пак неправилна комуникација меѓу членовите, непоминување на време заедно во прошетки и заеднички активности што во минатото било главна активност на семејствата. Неправилната распределба на родителските функции која се јавува во последно време како причина поради тоа што веќе и жената е вклучена во егзистенционалната функција на семејството и се бара поголема ангажираност од мажот. Тука ќе ги спомнеме и причините како: недостаток или некомпатибилност во ракување со финансиите, неверство, зависности, коцка, комар, како и зависноста актуелните спортски обложувалници“, рече Стефановска.

И во претходните квартали годинава бројот на разводи не е за занемарување. Во второто тромесечје годинава имало 394 разведени бракови, а во првото 520 разводи, покажуваат статистиките. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?! - опозиционерите обвинуваат „прекршен е деловникот“, за Славески одлуката е легитимна

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?! - опозиционерите обвинуваат „прекршен е деловникот“, за Славески одлуката е легитимна

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осум дена притвор добија три лица поради уништување на државното знаме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осум дена притвор добија три лица поради уништување на државното знаме

„ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“: пријатно изненадување за градоначалникот на Куманово

„ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“: пријатно изненадување за градоначалникот на Куманово

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов