КВЕБЕК СЕ ГРАНИЧИ СО ЧЕТИРИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ: Канада се плаши од прилив на мигранти
Објавено во: Свет 07 Ноември, 2024
Во САД има околу 11 милиони мигранти без документи, а новиот американски претседател ДоналеТрамп рече дека би можел да депортира по еден милион секоја година. Државата Квебек во Канада граничи со четири американски држави.
Канада мора брзо да дејствува за да ги обезбеди своите граници од „масовниот прилив“ на мигранти поради победата на Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, предупреди во средата премиерот на државата Квебек, Франсоа Лего, пренесува агенцијата Анадолија.
„Проблемот не се имигрантите, туку бројот“, изјави Лего.
Канадската национална полиција објави дека има планови за вонредни состојби, вклучително и зголемен граничен надзор во случај на прилив на мигранти. „Пред неколку месеци, почнавме да работиме на овој план за вонредни ситуации доколку тој (Доналд Трамп) победи и продолжи со некои од неговите политики за имиграција“, изјави наредникот на кралската канадска коњичка полиција Чарлс Поарие. Канадската вицепремиерка Кристија Фриланд во средата соопшти дека земјата ја препознава важноста на граничната безбедност и контрола. foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.