КЗК: AГНА од Албанија ќе стекне контрола врз МАКО-МАРКЕТ
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2025 18:11
Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата пред 4 дена до Комисијата за заштита на
конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која AГНА – Акционерско
друштво со седиште во Ѓирокастер, Врисера, Република Албанија, има намера да стекне
единствената контрола врз компанијата Друштво за трговија на големо и мало МАКОМАРКЕТ ДОО Скопје.
AГНА – Акционерско друштво, Република Албанија ќе стекне контрола врз МАКО-МАРКЕТ ДОО Скопје, објавено е на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
АГНА е приватно акционерско друштво, чии вистински сопственици се физичките лица Васил Наци, Кристо Наци и Коста Сотири, државјани на Република Албанија.
„АГНА АД Албанија има претежна дејност трговија на големо и дистрибуција на стоки за
широка потрошувачка (FMCG) и тоа прехранбени производи, производи за лична хигиена,
производи од тутун, безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Како дополнителни дејности се производство и продажба на безалкохолни и алкохолни
пијалоци, логистика и транспорт на стоки, како и дејности поврзани со градежништвото,
вклучувајќи инвестиции во изградба, купување и продажба на земјиште, туристички
комплекси, хотели и слични инфраструктурни проекти. Со своите увозно-извозни
операции, мрежа за дистрибуција, логистички капацитети и производствени активности во
прехранбениот и алкохолниот сектор, АГНА АД Албанија претставува активен учесник на
албанскиот пазар на дистрибуција, трговија и производство на прехранбени и производи за
широка потрошувачка.
АГНА АД Албанија е присутна во Република Северна Македонија преку својата
подружница АГНА ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје, со регистрирано седиште на
Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 7 - Скопје, целосно во сопственост (100%) на АГНА
АД од Албанија.
АГНА ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ се занимава со издавање, управување и инвестирање во
недвижен имот. Понатаму, АГНА ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е единствен сопственик
(100% удел) на ПЕВЕЦ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, друштво активно во секторот
градежништво, со фокус на изградба на станбени и други градежни објекти (сеуште во фаза
проектна документација)“, стои во објавата.
МАКО-МАРКЕТ ДОО Скопје обезбедува услуги на трговија на големо со стоки за широка потрошувачка (храна, пијалоци, кондиторски производи, средства за лична хигиена и средства за чистење), како и производство на кондиторски производи и пуканки.
„Најголем дел од своите приходи. МАКО-МАРКЕТ ДОО Скопје ги остварува на домашниот пазар на Република Северна Македонија, со помал сегмент на приходи од извоз на сопствено производство. МАКО-МАРКЕТ ДОО Скопје е присутно на целата територија на Република Северна Македонија преку логистички центар, производствен погон и развиена дистрибутивна и продажна мрежа, со сопствен продажен тим и сопствена логистичка и дистрибутивна мрежа со сопствени возила, преку кои врши директна дистрибуција до своите купувачи“, се наведува во објавата.
Додаваат дека според подносителот на известувањето, релевантниот пазар за предметната концентрација би може да се дефинира како пазар на трговија на големо со стоки за широка потрошувачка (FMCG) на територијата на Република Северна Македонија.
Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје или по e-mail: kzk@kzk.gov.mk и истите треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





