Лагард: Индија е светла точка меѓу новите пазари
Објавено во: Свет 16 Март, 2015 18:27
Според директорката на Меѓународниот монтарен фонд Кристин Лагард, Индија има можност да се претвори во една од најдинамичните економии во светот, со оглед на тоа дека по доаѓањето на власт на премиерот Нарендра Моди, инфлацијата е намалена за околу 5 отсто, а БДП забележува раст од 7,4 отсто.
За време на дводневната посета на Индија, Лагард изјавила дека државата сега е на пат да стане клучна точка за покренување на глобалниот раст.
Кон тоа има придонес и падот на светските цени на нафтата, со оглед на тоа дека Индија е една од најголемите увозници на нафта во светот.
Според Лагард, економското закрепнување изгледа ветувачко во САД и во Велика Британија, но е ниско во Јапонија и Европската Унија. Таа смета глобалното економско закрепнување се уште е премногу бавно, преслабо и неурамнотежено.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




