Лагард: Ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки, инфлацијата се уште не е на врвот

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2023
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи.
Во говорот на банкарска конференција во Хановер, таа го привлече вниманието на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус.
Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.
Таа додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.
„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ТРУПААТ ЗЛАТО: Две држави ги зголемуваат резервите

НАД 300 НОВИ СТАНОВИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПЈЕ: Намален вкупниот број на издадени одобренија за градба, еве ги деталите

„Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

ОЧЕКУВА НОРМАЛНИ СТАПКИ НА ИНФАЛЦИЈА: Еве што вели вицепремиерот за цените за следната година
ИНТЕРВЈУ БЕСИМИ: Буџетот за идната година не е предизборен, со него ќе ја доведеме економијата во „мирни води“, а потоа и ќе го забрзаме растот

К-15 од 2 милиони евра легна на сметките на полицајците

Недостиг на работна сила: Тренчевска оди во Будимпешта

Управниот одбор на Комората зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена

Кој „ископа“ џек пот во РЕК Битола? Ќе наплати 97 милиони евра од тендери во 2 години!
