Лани Германците работеле најмалку во последните 3 децении
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Март, 2021
Лани Германците работеле најмалку за период од 30 години.
Во Германија минатата година имало најмал број на работни часови од обединувањето на земјата, поради пандемијата на коронавирус, објави денеска Федералната агенција за труд. Просечниот годишен работен учинок по вработен е намален за повеќе од 50 часа. Намалувањето на бројот на работни часови најмногу се поврзува со мерките за воведување скратено работно време во производствените активности во пролетта, а потоа и од ноември. Минатата година, бројот на работни часови се намалил за 4,7 проценти во споредба со претходната година, а на крајот на 2020 година имало 59,64 милијарди работни часови. Лани се намалил вкупниот број вработени, првпат во последните 16 години. Вкупно 44,8 милиони луѓе биле вработени во Германија на крајот на 2020 година, што е за 1,1 процент помалку отколку во 2019 година. Поради пандемијата земјата лани влезе во рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.