Лавров: Ниту Крим, ниту Донбас, ниту Новорусија, како територија, никогаш не биле наша цел
Објавено во: Свет 20 Август, 2025 17:28
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров тврди дека Русија никогаш немала намера да окупира украински територии, туку само сакала да го заштити рускиот народ.
Лавров тврди дека Москва „отсекогаш сакала да го заштити рускиот народ кој живеел на споменатите територии стотици години“. Тој исто така рече дека за време на претседателствувањето на Володимир Зеленски, Украина донела закони чија цел, тврди тој, била да ги уништи правата на оние кои зборуваат руски.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека никогаш не сме рекле дека треба да окупираме само некои територии. Ниту Крим, ниту Донбас, ниту Новорусија, како територија, никогаш не биле наша цел“, рече Лавров во интервју за руската државна телевизија.
Изјавата на Лавров доаѓа во време на интензивирани дипломатски активности. На 15 август се одржаа разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските претставници во Вашингтон на 18 август, Трамп изрази надеж за што поскоро организирање на американско-украинско-руски разговори. Но, неизвесно е дали тие ќе се одржат и каде. Од час во час има нови информации за тоа прашање. Војната во Украина почна пред 3.5 години.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




