18 Декември, 2025
0.0440

Лавров: САД сакаат да доминираат во светот

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 11:53

Добивај вести на Viber

Намерата да се изолира Русија нема да успее бидејќи американската надворешна политика е застарена, истакна денес рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. „Слушаме од нашите западни партнери дека Русија мора да биде изолирана. Тоа го повтори и американскиот претседател Барак Обама. Ваквите тежнеења нема да имаат ефект“, истакнал Лавров кој упати повик до Вашингтон да продолжи со соработката која беше осуетена во 2014 година. „Повикуваме на продолжување на ефективната соработка на билатерално и интернационално ниво. Но, дијалогот единствено е возможен доколку се заснова на еднаквост и почитување на интересите на сите страни“, нагласил рускиот министер за надворешни работи. Според него прекунивањето на врските со нато не бил п руски избор. „НАТО ги следи САД и нивната конфронтација. НАТО направи апсолутна политичка одлука со која ја запре цивилната и воената соработка. Речиси сите проекти се замрзнати“, изјавил Лавров додавајќи дека Москва нема да дозволи нова „студена војна“. Коментирајќи го говорот на американскиот претседател Барак Обама, Лавров рекол дека тој покажува оти Вашингтон сака да доминира во светот и дека бара од сите останати да ја признаат неговата супериорност. „Американците се апсолутно некритични во проценките на сопствените чекори, а вчерашниот говор на Обама покажува дека врвот на нивната филозофија е „ние сме број еден“ и дека тоа сите треба да го знаат и прифатат“, истакнал Лавров, пренесува „Russia today“. Лавров „агресивната“ надворешна политика на САД ја окарактеризирал како застарена.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“