18 Декември, 2025
0.0753

ЛАВРОВ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА ТРАМП: Но, со критики за Европјеците

Објавено во: Свет 19 Август, 2025 13:22

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека за време на руско-американскиот самит во Алјаска станало јасно дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим искрено сакаат да постигнат долгорочен и траен мир во Украина.

Рускиот врвен дипломат рече дека атмосферата на средбата Трамп-Путин била добра.

-Таму (во Алјаска) имаше добра атмосфера. И тоа се одрази во изјавите што ги дадоа претседателите Путин и Трамп по разговорите. Дефинитивно беше корисен разговор. Беше јасно дека американскиот шеф на држава и неговиот тим искрено сакаат да постигнат резултат кој ќе биде долгорочен, траен и сигурен, рече Лавров.

Тој направи паралела помеѓу, според неговите зборови, конструктивната позиција на Соединетите Американски Држави и онаа на Европа, чии најистакнати лидери учествуваа на вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и Трамп во Белата куќа.

-Ставот на САД се разликува од оној на Европејците, кои во тој момент на секој агол изјавуваа дека е потребно само прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да снабдуваат оружје за Украина, додаде Лавров.

„Претседателот Трамп и неговиот тим, особено по состанокот во Алјаска, почнаа многу подлабоко да навлегуваат во решавањето на оваа криза, разбирајќи дека нејзините корени мора да се елиминираат - нешто што претседателот Путин постојано го повторува“, додаде министерот. 


Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел