19 Декември, 2025
0.0452

Лазар Еленовски: Помогнав Заев и Ахмети да направат коалиција

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023 19:14

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за одбрана и амбасадор во Брисел, Лазар Еленовски, кој беше специјален претставник на Владата во НАТО до 2020, во денешната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека во 2017 бил еден од клучните помагачи претседателите на СДСМ и ДУИ - Зоран Заев и Али Ахмети да направат коалиција и по 11 години ВМРО-ДПМНЕ да падне од власт.

- Во декеври 2016 резултатот покажа дека ВМРО-ДПМНЕ победи, но се знаеше дека треба да се случи политичка промена по 11 години во Македонија. Затоа беа тие протести, револуции и меѓународниот фактор тоа го мислеше. Заев и Шекеринска ме замолија да ги доближам односите со ДУИ. Во првиот момент беше дека ќе се оди по правилто од 2007 победниците во блоковите да прават влада, но и јас мислев дека не треба тоа да се почитува. Му сугерирав на Ахмети да не прави политичко самоубиство, рече Еленовски.

Тој 10 години живее во Брисел и вели дека сега се занимава во приватниот сектор со  консалтинг за фирми кои сакаат да инвестираат во Македонија. Рече дека кога се преговарало со Грција, опрвичниот термин „Илинденска Македонија“ било смислена „патка“. 

Еленовски повтори дека со ДУИ гради релации од 2007 кога помогнал да се воспостави коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но дека за него сега како син на татко Македонец и мајка Албанка е неприфатливо да биде „консензуален премиер на техничка влада“, затоа што тоа според него нема логика. Се залагал и поранешните борци на ОНА да се интегрираат во општеството, нешто за што, како што рече, никогаш немало ни обид за тоа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот