Лазар Младенов вели дека впишувањето на Бугарите во Уставот ќе донесе поделби
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2022 17:21
Впишувањето на Бугарите во Уставот е штетно колку и ветото. Ова го тврди основачот и претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје, Лазар Младенов за Дневник.бг.
Тој прашува дали политичарите во Софија се сигурни дека опозицијата во Македонија, поточно ВМРО-ДПМНЕ, ќе прифати таква идеја.
„Ако не прифатат, има проблем со гласањето за да стапи тоа на сила (потребно е двотретинско мнозинство во Собранието за измени во Уставот, што е недостижно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ). Јас лично не сум за тоа. Едноставно, нема разлика меѓу нас и луѓето кои се определуваат како Македонци. Почитуваме исти дејци, славиме исти празници, пееме исти песни. Тоа само ќе доведе до нови поделби во македонското општество“, вели Младенов.
Го обвини бугарскиот претседател Румен Радев дека ги изолирал, но, вели дека има доверба во новата Влада, предводена од премиерот Кирил Петков.
Софија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот.
Од друга страна, и Македонците во Бугарија бараат признавање.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




