18 Декември, 2025
0.0755

ЛАЗАРОВ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ БИШЕВ: еве кој е новиот предлог на Народна банка за член во Фискалниот совет

Објавено во: Економија 27 Август, 2025 13:06

Добивај вести на Viber

Професорот од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, воедно и познат колумнист Дарко Лазаров е идниот член на Фискалниот совет. Тој доаѓа на местото на некогашниот истакнат банкар Глигор Бишев, кој воедно е и претседател на Фискалниот совет.

Лазаров е добро познат во јавноста благодарение на активното учество во општествените случвуања, преку своите колумни, критики и мислења споделени во јавноста, но и како член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на Клубот на извозници при Комората

Тој, како и Бишев ќе бидат дел од ова тело на предлог на Народната банка на Македонија.

-  Народната банка на Република Северна Македонија до Собранието на достави дописсо кој го предложи Дарко Лазаров за член на Фискалниот совет – пишува во документот доставен во Собранието.

Како што е посочено во него, согласно Законот за буџети, Фискалниот совет се состои од три члена, при што по еден член предлагаат Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Државниот завод за ревизија и Народната банка на Република Северна Македонија, а ги именува Собранието.

-  При избор на првиот состав на членовите на Фискалниот совет, согласно Законот за буџети, мандатот на членот избран на предлог на Народната банка на Република Северна Македонија трае две години и истиот има право на реизбор. Со оглед дека мандатот на постоечкиот член кој беше предложен од Народната банка истекува на 19 септември 2025 година, Советот на Народната банка одлучи за член на Фискалниот совет да го предложи Дарко Лазаров, кој во целост ги исполнува условите предвидени во Законот за буџети– се појаснува во образложението.

Фактор веќе објави дека Народна банка бара нов кандидат кој ќе биде иден член на Фискалниот совет, тело кое се оформи пред неколку години. Бишев е воедно и претседател на Советот, но дали Лазаров ќе го преземе и претседателското место ќе видиме наскоро. Фискалниот совет е независно тело кое одговара пред Собранието на Македонија. При оформувањето на ова тело беше истакнато дека е дел од реформите во јавните финансии, и како независно телот го надгледува спроведувањето на таргетите, ja оценува макроекономската поставеност...

Членовите на Советот се задолжени за анализи и мислење за фискалните ризици и веројатноста на исполнување на Буџетот на државата и фискалната стратегија, но и за исполнување на фискалните правила од Законот за буџети, како и за ризиците за отстапување од фискалните правила.

Меѓу другото, членовите на Фискалниот совет дејствуваат самостојно, независно и непристрасно во согласност со највисоките професионални и етички стандарди. Ставовите кои ги изнесуваат при јавни настапи поврзани со активностите на советот, не претставуваат став на институциите кои ги предложиле.

Фискалниот совет на крајот од минатата година ја разбранува јавноста со предлогот да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Имено до по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до законодавниот дом достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. 

За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години. 

Но, од Владата укажаа дека иако документот е изгласан, не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Идниот член на ова тело, професорот Лазаров е редовен професор во областа Економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но воедно е проректор за инвестиции, развој и и одржување на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип.

Лазаров бил вонреден професор во областа економска теорија Економски Факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип. Исто така и раководител на катедра Економија на Економски Факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип. Претходно бил доцент во областа економска теорија на Економски Факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" – Штип, како и асистент на предмети во областа на економска теорија на Економски Факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип...

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа