18 Декември, 2025
0.0922

ДАЛИ ГЛИГОР БИШЕВ ЗАМИНУВА ОД ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ?! – Народна банка на оглас бара нов член, еве ги условите

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2025 10:18

Добивај вести на Viber

Народна банка бара нов кандидат кој ќе биде иден член на Фискалниот совет, тело кое се оформи пред неколку години. Како што е објавено на веб страната на НБ отворен е Јавен повик за пријавување лица за избор на еден член од Народната банка во Фискалниот совет.

Имено, Фискалниот совет е независно тело кое одговара пред Собранието на Македонија.

При оформувањето на ова тело беше истакнато дека е дел од реформите во јавните финансии, и како независно телот го надгледува спроведувањето на таргетите, ja оценува макроекономската поставеност и политиките што се спроведуваат...

Како што е нагласено во огласот на НБРСМ, членовите на советот изработуваат анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, за Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, за Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието.

Членовите исто така се задолжени за анализи и мислење за фискалните ризици и веројатноста на исполнување на Буџетот на државата и фискалната стратегија, но и за исполнување на фискалните правила од Законот за буџети, како и за ризиците за отстапување од фискалните правила.

- Анализите и мислењата на Фискалниот совет се составен дел на соодветните документи при поднесувањето до Владата или Собранието на разгледување и усвојување. Доколку постојат забелешки во анализите и мислењата на Фискалниот совет, Владата, преку Министерството за финансии, задолжително треба да подготви одговор во кој ќе се образложат причините за отстапувањата од анализите и мислењата на Фискалниот совет, кој е, исто така, составен дел на соодветниот документ – се потенцира во огласот.

Членовите на Фискалниот совет дејствуваат самостојно, независно и непристрасно во согласност со највисоките професионални и етички стандарди. Ставовите кои ги изнесуваат при јавни настапи поврзани со активностите на советот, не претставуваат став на институциите кои ги предложиле или институциите со кои се поврзани.

- Сите членови на Фискалниот совет ги вршат своите активности во Советот без засновање работен однос. За нивната активност во Фискалниот совет им се утврдува месечен надоместок на нето-основа во висина од две нето просечни плати исплатени во Македонија во текот на претходната година – се посочува во огласот објавен на веб страната на НБРСМ.

Членовите на Фискалниот совет ги именува Собранието на Република Северна Македонија. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е шест години, без право на повторен избор.

Член на Фискалниот совет може да биде лице кое е државјанин на Република Македонија, има соодветна репутација, најмалку високо образование и најмалку десет години соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, јавните финансии, сметководство и ревизијата или друга сродна област. Тој исто така не смее да има казна или прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност, ниту пак да е пратеник во Собранието, ниту член на Владата. Заинтересираните кои би сакале да бидат дел од ова телот не треба да се вработени во буџетски корисник или во друг јавен субјект на државно или на локално ниво, ниту да се членови на органи на политичка партија, како ниту носители на јавна функција во претходните пет години.

Заинтересираните имаат 15 денови од објавата на огласот за пријавување, а дополнителни информации на веб страната на НБРСМ.

Сегашен член на Фискалниот совет предложен од Народна банка е Глигор Бишев, кој е и негов претседател. Со оглед дека ова тело официјално почна со работа во октомври 2023 година, Бишев се уште има од неговиот шест годишен мандат. Дали тој предвреме ќе замине, или Народна Банка навреме се подготвува за неговата замена ќе видиме наскоро.

Фискалниот совет на крајот од минатата година ја разбранува јавноста со предлогот да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Имено до по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до законодавниот дом достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. 

За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години. 

Но, од Владата укажаа дека иако документот е изгласан, не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

П.О.

Фото: Принтскрин/Веб страна Фискален совет/ Глигор Бишев и Гордана Димитриеска Кочоска

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра