16 Мај, 2024
0.0674

ЛАЗЕ КАМЧЕВ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА „ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС“ - инвеститорите очекуваат дека втората половина од следната година ќе почне опоравувањето

Објавено во: Финансии 26 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании, брокери, или со еден збор сите релевантни чинители од домашната деловната заедница.

Неизвесноста која се наметна со пандемијата, продолжи низ годините, сега, пак, најмногу изразена преку високите цени на енергенсите и инфлацијата. Фактор во деновите пред и после Новата година со читателите ги споделува обраќањата на првите луѓе на најуспешните компании, фондови, консултанстки друштва...

Денеска ги пренесуваме за вас впечатоците и очекувањата на Лазе Камчев, главен извршен директор на „Генерали инвестментс“.

Позади нас останува една тешка година во поглед на геополитичките случувања која се рефлектираше врз деловниот свет и го усложни планирањето на идните бизнис потфати. Руската инвазија врз Украина како кулминација, пандемијата и поврзаните нарушувања во логистичките синџири, како и високите цени на енергијата и суровините го направија своето и создадоа доволно тензии кои предизвикаа раст на цените буквално на сè. Домашната економија, како и најголемиот дел од економиите во светот, беа погодени од ценовните притисоци на примарните производи, главно преку зголемените цени на прехранбените производи, нафтените деривати и енергенсите. Тоа се отслика на стапката на инфлација, која имаше нагорна тенденција.

Очекувања за наредната година

Глобалните политички и економски фактори значително влијаат на деловниот амбиент и го усложнуваат планирањето на следните бизнис активности. Во вакви услови, очекуваните ефекти од глобалната економска активност стануваат сè понеизвесни. Времињата се непредвидливи, но ќе се појават можности.  Во поглед на пазарот на капитал можеме да кажеме дека волатилноста ни ја докажуваат неговата непредвидливост и се потребни постепени чекори. Очекувањата на инвеститорите се дека втората половина од следната година ќе почне опоравувањето. Централните банки остануваат главен играч а нивната комуникација останува доста непредвидлива. Наспроти очекувањата на инвеститорите, тие велат дека високите каматни стапка ќе потраат. Чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови, но порастот не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно.

Интересна новина што за наредната година ја планира компанијата

Во Генерали Инвестментс ги следиме случувањата на глобалните пазари. Ние оптимално управуваме со инвестициите, се водиме од целите на инвеститорите и се фокусираме на долгорочните перформанси. Водејќи се од тоа, следната година воведуваме инвестициски фонд со нова политика. На тој начин ќе ја збогатиме можноста за избор на различни инвестициски политики на инвеститорите. 

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!