Лажен брачен пар се селел низ Украина и наведувал руски ракети
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2024
Претставувајќи се како брачна двојка, руски оперативци се селеле од регион во регион во Украина и поставувале систем за комуникација со разузнавачки центар за да ги наведуваат руските ракетни напади.
Двајца оперативци на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) претставувајќи се како брачна двојка наведувале крстосувачки ракети кон своите цели за време на руските напади низ Украина.
Овој брачен пар бил уапсен од припадници на Украинската служба за безбедност, кои при апсењето пронашле одредена количина на уреди за комуникација, лажни документи, поголема сума пари и голем број мобилни телефони.
Агентите на ФСБ често се селеле од регионот Полтава во регионот на Доњецк, каде што, во комуникација со нивните налогодавци, тие навеле ракетни напади од руските сили. Според украинското законодавство, кривичното дело шпионажа предвидува затворска казна до 20 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.