05 Декември, 2025
0.1814

Лажат дека се враќани пациенти од операција, велат лекарите; Тужби допрва ќе фрчат!

Објавено во: Економија 06 Декември, 2012 19:03

Добивај вести на Viber

Лекарите обвинуваат дека неточни се обвинувањата на Државниот санитарен инспекторат за тоа дека биле враќани пациенти болни од рак и откажувани итни операции. Како што појаснија денеска од Самостојниот синдидат на клинички, биле одложени хирушки интервенции, но не поради штрајкот, туку како што било точно наведено во образложението, кај одредени пациенти морало да се почека поради нивната моментална здравствена состојба. „Пацинетите не се вратени бидејќи биле итни, туку затоа што требало да се довршат одредени дијагностички процедури од кои зависи оперативниот зафат или се вратени бидејќи не биле донесени во состојба за операција. Не може таков пацинет да биде опериран. Тоа може да резултира со компликации“, изјави  Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на клинички. Затоа посочија специјалистите деновиве ќе поднесат тужба против Инспекторатот поради нелегитимно изведениот надзор на нивната работата во време на штрајк бидејќи, како што посочи Ставриќ, инспекторите проверувале само одредени лекари, па според него ова е класичен политички притисок и злоупотреба на овој државен орган од министерот за здравство. Додека лекарите штрајкуваат, Државниот санитарен инспекторат пак, на директорите во клиниките им нареди амбулантите задолжително да работат од 8 до 11 часот. Во меѓувреме, покрај изјавата од пред неколку дена на директорот на токсикологија, Андон Чибишев, кој се пожали за гужва на неговата клиника поради штрајкот, денеска се огласи и директорот на Клиниката за онкологија Милан Ристески, кој вели дека на неговата клиника немало штрајк, но затоа пак обвини дека се враќаат пациенти болни од рак од хирушките клиники. Хелсиншкиот комитет со обвинувања за Тодоров Од Хелсиншкиот комитет излезе уште еднаш со поддршка за лекарите. Оттаму велат дека откако лекарите се обратиле кај нив за правна помош, тие доставиле писмо до Министерството во кое бараат да престанат притисоците врз оние кои штрајкуваат, заканите кон лекарите и нивното политичкото етикетирање. „Во услови кога македонското општество се повеќе се карактеризира како општество во кое слободата на изразување и слободата на медиумите, а воедно и правото на здружување се сериозно загрозени, Хелсиншкиот комитет смета дека последните постапувања на Министерството за здравство можат само уште повеќе да ја зајакнат таа перцепција и никако не придонесуваат во јакнењето на правната држава и почитувањето на човековите права“, стои во соопштението на Хелсиншки. Од невладината велат дека Министерството ги злоупотребува надлежностите со „легални мерки“ заради спречување на уставното право на штрајк, а како форми на притисок ги наведуваат обајавувањето на лични податоци на лекари со најголеми прекршоци на „ѕидот на срамот“, поставување на камери во несоодветни простории во здравствените установи, идејата за „црвен телефон“ и воведувањето на моделот за плаќање по успешност. „Оттука, Хелсиншкиот комитет најостро реагира против начинот и формите за присила што се спроведуваат преку таканаречени законски мерки и притоа укажува дека и понатаму ќе ги мониторира овие состојби но и дека ќе им обезбедува правна заштита на лекарите зарад остварување на нивните права согласно Устав и закон“, истакнуваат од  Хелсиншки комитет. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија