Лазим Дестани можен кандидат за прв премиер Албанец на Македонија
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020 11:03
Демократската унија за интеграција (ДУИ) се очекува денес да даде детали за идејата за албански премиер на Македонија и за можното откривање на кандидатот.
Лидерот на оваа партија, Али Ахмети, првично беше споменат како еден од можните кандидати за премиер, но како што дознава ИНА, идејата е кандидатурата да дојде од деловната сфера.
Неофицијално, се споменува името на добро познатиот тетовски бизнисмен Лазим Дестани на кој гледа како на можен кандидат, што Ахмети ќе го објави денес на прес-конференција, пренесува ИНА.
Сепак, сè што циркулира е во рамките на непотврдени неофицијални извори. Лазим Дестани сепак е добро позната личност во меѓународниот деловен свет со компанијата Еколог, но и активист и хуманист кој никогаш не бил вмешан во политичката сцена.
Но, сè ќе биде разјаснето денес од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој ќе има јавен настап. Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, синоќа напиша дека денес ќе биде голем ден за Албанците од Македонија.
„Голем ден не чека утре“, напиша Груби.
Идејата за албански премиер предизвика внатрешни политички дебати и несогласувања со опозициските партии во албанскиот блок, а тоа е неприфатливо ниту за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, но има и поддршка за таков предлог од интелектуалци, креатори на јавно мислење и други јавни личности. (ВО)
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




