АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пак се заканува. Тој вели дека Албанците нема да бидат маргинализирани.
„Оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога албанската и турската заедница беа маргинализирани. Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги. Загрозувањето на Охридскиот договор е опасност за мирот и стабилноста на регионот“, изјави Ахмети.
Ахмети истакна дека Охридскиот рамковен договор е темел за мир.
„Овој договор прекина трагедии и го отвори патот на мирот. Компромисот не ги задоволи сите страни, но беше гарантиран од ЕУ и САД. Неговото загрозување ќе значи враќање назад, што е неприфатливо“, вели Ахмети.
Додаде дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да работат за сите граѓани. Ахмети тврди дека не сакаат конфликт, туку влез во ЕУ.