ЛДП критикува: Законот за лекови од канабис не им помага на граѓаните
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016
Либерално-демократската партија упати серија на критики против владата за начинот на кој го спроведува законот за лекови од канабис кој не овозможува ефикасна и евтина терапија за граѓаните. ЛДП како еден од иницијаторите за новиот закон се незадоволни од високите цени, а нискиот квалитет.
„Се потврдуваат нашите стравувања дека Владата на ДПМНЕ овој закон го донесе од чист интерес во договор со фармацевтската индустрија исклучиво за нивна взаемна корист, а на штета на граѓанинот. Имено маслото кое може да се најде во аптеките во Македонија е со раствор, чија што количина воопшто не е доволна за да ги даде посакуваните резултати при терапијата. Згора на тоа цената на шишињата од 9.000 денари е далеку од стандардот на македонскиот граѓанин. Што значи, со законот за легализација ма канабис македонскиот граѓанин доби можност за изгор скапа терапија со низок квалитет“ посочуваат од ЛДП.
Според ЛДП главната цел на владејачката партија е да шири популизам на сметка на болните на кои им треба секоја терапија плус која може да им помогне ако ништо друго да ги ублажат симптомите.
„ЛДП во периодот што следува ќе понуди ново ревидирано законско решение кое ќе биде во интерес на сите корисници на канабис, законско решение кое ќе одговори на потребите на обичниот граѓанин а не исклучиво за профит на фармацевтската индустрија“ соопштија од партијата.