20 Јануари, 2025
0.0382

ЛДП: Партиите да престанат со вршење притисоци врз ДИК

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Либерално-демократската партија(ЛДП) повикува политичките партии, учесници во изборниот процес да престанат со вршење на притисоци врз работата на Државната изборна комисија. 

Неприфатливо е било какво мешање во работите на ДИК, дури ниту најмала интервенција врз процедурите на нејзиното одлучување, реагираат од ЛДП.

„Членовите на ДИК да не потклекнуваат на политичкото влијание и притисоците, а уште помалку, да не потклекнуваат на пресијата од повикот на одредени партии за протести пред нејзиното седиште, додека одлучуваат за крајните резултати од предвремените парламентарни избори. Ако фактичката состојба потврди дека треба да се прегласува во одредени изборни единици, тоа не смее да биде повод за деструктивно однесување на било која од политичките партии“ - велат од ЛДП.

ЛДП се залага за фер и демократски избори и однапред го осудува секој обид за било какво влијание врз одлуките на ДИК.  Велат дека во оваа држава мора да се врати владеењето на правото и почитувањето на законите. Апелираат до сите засегнати страни да се воздржат од избрзани и непромислени постапки и да ги почитуваат основните принципи на демократијата и европските вредности. 

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски