18 Јануари, 2025
0.0396

ЛДП: УБК да не ја попречува истрагата на СЈО, да се дознае кој прислушувал

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од Либерално-демократската партија бараат Управaта за безбедност и контраразузнавање да не ја попречува истрагата на Специјалното јавно обвинителство и да не се спротивставува на судска наредба. 

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат кој нелегално прислушувал во државата и во чии интерес, потенцираат од партијата. 

„Либерално-демократската партија повикува да не се попречува правдата и владеењето на правото во државата, особено не од институција која треба да ги заштитува интересите на државата и граѓаните. По синоќешните опструкции врз работата на Специјалното јавно обвинителство од страна на политичките марионети на власта, го повикуваме Основното јавно обвинителство да поведе постапка за попречување на работата на СЈО и спротивставување на судска наредба, бидејќи токму попречувањето на споведувањето на судска наредба е кривично дело кое се санкционира со нашите закони“- стои во реакцијата на ЛДП.

Од ЛДП велат дека оваа власт, со ваквото однесување, уште подлабоко тоне во жив песок. Вистината за тоа кој прислушувал во Република Македонија и за чии интереси, кога-тогаш ќе се обелодени, сметаат од партијата. 

Ако не сега, тогаш сигурно после 11 декември, кога новата влада ќе ги разобличи сите криминали и злодела на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува во реакцијата на ЛДП. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година