ЛЕКАРИТЕ ОД РЕГИОНОТ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Сè почесто младите без коморбидитети имаат тешка клиничка слика на корона вирусот
Објавено во: Македонија 24 Март, 2021 07:48
Дел од хрватските
лекари предупредуваат дека за третиот бран на корона вирусот карактеристично е
тоа што се повеќе заболуваат младите луѓе, за што, како што велат, сведочат и зголемените
бројки на новозаразени. Но, според нив многу повеќе загрижува фактот што младите
луѓе кои сега, во пролетниов период се разболуваат, имаат многу потешка
клиничка слика за разлика од зимските месеци.
- Разликата во однос на зимските месеци е во тоа што сега сè повеќе е присутна тешка форма на болеста кај младите кои немаат коморбидитети. Нивната клиничка слика многу побрзо се влошува отколку што тоа беше случај во изминатите месеци, односно во периодот на вториот бран на корона вирусот, вели д-р Ивица Лукшиќ, директор на Клиничката Болница Дубрава.
Крајно критична е и состојбата во Србија, каде и покрај масовната вакцинација, во која досега се опфатени 2 милиона и 200.000 луѓе, бројот на новозаразени дневно надминува и 5.000 случаи. Денеска во Белград повторно ќе заседава Kризниот штаб.
Главните теми ќе бидат работата на угостителските објекти, трговските центри, условите за влез во Србија и анализата на состојбите во училиштата.
Се очекува дека членовите на Кризниот штаб ќе имаат најтврд став во врска со отворањето на угостителски објекти и трговски центри. Како што вчера изјави епидемиологот Предраг Кон, отворањето на терасите на кафулињата секако ќе се разгледа денес, но, нагласи дека треба да се почека да почне да заслабува активноста на вирусот .
- Главно место на непочитување на мерките се угостителските објекти, пред се кафулињата и рестораните. Секој што влегува носи маска, а потоа ја трга таму каде што седи. Јас носам маска и додека пијам кафе. Не е точно дека тоа не може да се направи, истото важи и за јадење. Докажано е дека рестораните, преку научни истражувања, се местото каде што луѓето најмногу се инфицираат - објаснува д-р Кон.
И во земјава бројките на новозаразени се многу високи. Во текот на изминатата недела, според извештајот на Институтот за јавно здравје, констатирано е зголемување и на бројот на нови инфицирани, како и на бројот на починати пациенти во однос на неделата пред неа. Вчера најмладиот пациент, меѓу 25-те кој не се изборија со болеста, беше на 29-годишна возраст, а здравсвените власти во Македонија посочуваат дека сите починати пациенти имале и други коморбидни состојби.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




